wordpress counter

Слатко–кисел сос и крем сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешната статија ја посветуваме на два превкусни сосови, со кои можете да ги гарнирате салатите кои сте ги подготвиле. На пример, салатата од свежа зелка, морков и краставица може да се прелие со фин крем сос кој се подготвува за 10-15 минути.

Крем сос

СОСТОЈКИ
• 100 мл кисела павлака
• 50 мл јогурт
• 2 големи лажици мајонез
• 1 голема лажица јаболков оцет
• ½ мала лажица шеќер
• 1 мала лажица сенф
• 1 мала лажица копар
• малку сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Сите состојки ставете ги во еден сад и добро измешајте ги со помош на миксер, сѐ додека смесата не стане хомогена. Се служи со салата од зелка, морков и краставица.

Совет: ако во салата ставате виолетова зелка, тогаш употребете двојна количина на оцет и шеќер.

Слатко-кисел овошен сос
Овој сос може да се комбинира со било која салата. По желба, може да ја менувате острината на сосот со додаток на текила и вотка.

СОСТОЈКИ
• 50 мл свежо цеден сок од портокал
• 3 големи лажици сок од лимета
• 50 мл сончогледово масло
• 2 големи лажици текила
• 3 мали лажици мед
• 1 чешне лук
• малку сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во сад ставете лук, сок од портокал и зелен лимон, масло, текила, мед, сол и бибер. Смесата мешајте ја со миксер додека не стане кремаста.

Совет: текилата може да ја замените со вотка.

Related Posts with Thumbnails