- Гурман™ - https://gurman.mk -

Сочен премаз од брокули

(2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Често пати се случува по празниците или некои поголеми прослави да имаме премногу остаоци од храна кои може креативно да се искористат. Затоа, ние денес ви предлагаме рецепт за премаз од брокули, во кој може да се искористат и остатоците од храна.

СОСТОЈКИ
• 2 главици брокула
• 0.5 кг кравјо сирење
• кромид
• 1 чешне лук
• 50 гр путер
• 1 мала лажица сенф
• остатоци од печено месо
• соја сос
• тост или лиснато тесто
• копар

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ја брокулата. Ситно исечкајте ги кромидот, копарот, лукот и остатоците од месо. Сите состојки измешајте ги со кравјо сирење и сенф.

Во меѓувреме, во блендер измиксајте ја сварената брокула, во комбинација со путер, соја сос и сол. Спојте ги двете смеси. Измешајте добро за да се соедини.

Сервирајте со тост или лиснато тесто. На крај, посипајте малку сусам.

Bon Apetit!