wordpress counter

Сосови за совршен ручек

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оброците подготвени во домашни услови се едни од највкусните оброци во кои вистински уживаме. Но, ниту еден ручек или вечера нема да бидат посебни ако немате подготвено и соодветни сосови или прилози кои одат со јадењето. Во овој текст ви нудиме два навистина вкусни прилози: сос со јогурт и авокадо и тако прилог.

Сос со јогурт и авокадо

Овој сос одлично се сложува со школки, зелена салата и домати.

СОСТОЈКИ
• 500 мл јогурт
• 1 лажица ким
• 1 авокадо (поголемо), излупено и исечкано
• 4 мали лажици исечкан магдонос
• 2 лажици лути пиперчиња, ситно исечкани
• ½ виолетов кромид, ситно исечкан или едно чешне лук (по вкус)

ПОДГОТОВКА
Во сад за мешање ставете го јогуртот. Кимот испечете и додадете го на јогуртот. Потоа, додадете ги и авокадото, магданосот, лутите пиперчиња и кромидот (лукот). Мешајте со помош на миксер, сѐ додека не добиете хомогена смеса. Додадете сол и бибер.

Префрлете го сосот во помал сад и ставете го во фрижидер. Декорирајте со една лажица магданос.

Тако сос

Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица растително масло
• 1 кромид, исечкан на коцки
• 1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
• ½ до 1 чили пиперче
• ½ мала лажица мелен ким
• ½ мала лажица коријандер
• ½ чешне лук, здробен
• малку сол, бибер и шеќер
• лименка домати од 400 гр (или пире од домати)

ПОДГОТОВКА
Маслото ставете го во тава и загрејете го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека не омекнат. Ситно насечакајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу 2-3 минути со постојано мешање.

Кон претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште 5-6 минути (додека смесата не згусне) на не многу силен оган. Во зависност од вкусот, може да додадете повеќе зачини.

Related Posts with Thumbnails