wordpress counter

ТОРТЕЛИНИ СО ПЕСТО ЗА 30 МИНУТИ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


tortellinif

Секој ден знае да биде напорен, на милиони неброени начини. Во секој таков ден, не ретко се случува да се нема време ни за достоен оброк. Во такви ситуации, сите најбргу се снаоѓаме со варење макарони или некои други инстант тестенини. Само додади кечап од фрижидерот, или уште поубаво ако има домашно доматно пире, и готов ручек. Ќе се нахраниме механички, верувајќи дека убаво сме јаделе, а всушност знаеме дека тој вкус ни е толку здодевен. Дури ги миеш чиниите, потајно посакуваш да си уживал во нешто друго, нешто ново и нешто што ќе те инспирира да јадеш.

Кога ќе нападне гладот, добиваме гладен напад, или пак напад од гладни, некогаш и напаст од гладни… Kако и да е, еве решение. Ова е еден од најбрзите песто сосови за подготовка. Потребно е само пакување од готови тортелини, по можност со додаток од сирење, и половина час активност во кујната. Овој песто сос одговара со секакви тестенини, а може да се комбинира и со месо и печурки, сè зависи од вашиот вкус. За дополнително задоволство, отворете и шише убаво бело вино, кое ќе придонесе не само да имате предизвик за вкусување пред вас туку и да си направите своевиден луксуз. Дефинитивно разбива монотонија! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 1 филџан ореви
• 1/3 филџан магдонос, со отстранети стебленца
• 2 главици лук, толчен
• 3 супени лажици рендан пармезан, и плус пармезан за сервирање
• ½ филџан масло, по можност маслиново
• ½ кафена лажица сол
• ¼ лажица мелен црн бибер
• 500 гр. свежи или смрзнати тортелини со сирење

ПОДГОТОВКА
Ставете ги оревите, магдоносот, лукот, пармезанот, маслото, солта и црниот пипер во блендер и направете грубо пире. Во голем сад ставете вода да врие, додајте сол, а потоа додадете ги тортелините и варете околу 4 минути, ако се свежи, односно 12 минути ако се замрзнати. Откако пастата е готова, зачувајте половина филџан од водата во која се варела. Исцедете ги тортелините, а потоа измешајте ги со пестото, путерот и водата од варењето. Ако се чинат суви, додајте уште малку од водата. Послужете ги со екстра пармезан одозгора.

Related Posts with Thumbnails