wordpress counter

Тортелини со сирење и сос од печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тортелините се паста која може да се приготви во кое било време и да се комбинира со бројни сосови или комбинација од зеленчуци. Ова е еден рецепт кој комбинира тортелини со печурки.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 пакување тортелини со сирење
• 2 мали лажици маслиново масло
• 240 гр шитаке печурки, сварени и ситно исечкани
• 2 чешиња лук, ситно исечкани
• 3 големи лажици рендан пармезан
• 1/3 шолја, магданос, свежо исечкан
• 1 шолја вода
• 1 голема лажица путер
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голем сад, ставете вода и оставете да зоврие. Наросете сол и сварете ги тортелините согласно упатството кое се наоѓа на пакувањето.

Во меѓувреме, во сад за пржење, загрејте го маслиновото масло. Ставете ги лукот и шитаке печурките и пржете околу 7 минути. Додадете вода, сол и бибер. Пржете додека не испари водата и потоа намалете го огнот на половина и пржете уште 5 минути.

Откако печурките ќе бидат готови, измешајте ги со сварените тортелини, пармезанот, путерот и магданосот. Измешајте добро и сервирајте веднаш.

Related Posts with Thumbnails