wordpress counter

Три рецепти со по само три состојки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)

САЛАТА СО МАНГО, АВОКАДО И ПРЖЕНА СЛАНИНАСалата од манго, авокадо и сланина

СОСТОЈКИ (4 порции)
• 2 големи плода манго
• 2 плода авокадо
• 8 тенки и крцкави парченца пржена сланина

ПОДГОТОВКА
Исечкајте ги плодовите на манго и авокадо на коцкички, а сланината на тенки парченца и сѐ измешајте во мал сад.

ПЕЧЕНА РИБАПечена риба

СОСТОЈКИ (2 порции)
• 2 свежи филети бела риба
• 1 супена лажица путер
• 1 лимон

ПОДГОТОВКА
Премачкајте ја рибата со топен путер, а потоа попрскајте ја со сол и црн бибер. Исечкајте го лимонот на кришки и ставете ги врз рибата. Ставете ја рибата во фолија и печете 20 минути на 180 степени.

МИНИ MUFFIN-ИМини muffin-и

СОСТОЈКИ
• 1 шолја саморастечко брашно
• 1 шолја слатка павлака
• 3 супени лажици шеќер

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите три состојки и добро измиксирајте ги. Смесата ставете ја во калапи за колачиња. Печете 10 минути на 180 степени.

Related Posts with Thumbnails