wordpress counter

Велигденско мени: Салати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Салатите се дел од оброкот, без кои главното јадење нема да може никако да стане врвен специјалитет. Постојат безброј комбинации на продукти од кои може да се направат салати за сечиј вкус. За овогодинешното велигденско мени, ние одвоивме три салати кои може да бидат дел од главното мени.

Цезар салата со јагнешко месо

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 500 гр јагнешко месо без коска, исечкано на ситни парчиња
• 5 листови зелена слата, исечкана
• 1 лименка грав
• 1 виолетов кромид, ситно исечкан
• 120 мл сос за Цезар салата
• 125 гр кравјо сирење, издробено

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната. Наредете го јагнешкото месо на хартија за печење и печете 8-12 минути (со едно вртење) на умерена температура. Потоа, оставете да се излади.

Во голем сад за салата, ставете ги парченцата месо, зелената салата, гравот, кромидот и сосот за салата. Добро измешајте и на крај покријте со ситно кравјо сирење.

.

Салата со јајца и мајонез

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 8 јајца
• 1 голема лажица мајонез
• 1 голема лажица сенф
• 1 мала лажица микс од зачини
• 1 мала лажица црвен пипер
• ½ виолетов кромид, ситно исечкан
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Сварете ги јајцата. Откако ќе се сварат, оставете ги да стојат во топлата вода 10-тина минути. Потоа, излупете ги и исечкајте ги јајцата.

Во голем сад за салата ставете ги сите состојки. Добро измешајте со дрвена лажица. Можете да ја служите на лебче како сендвич, или како салата нанесена на листови зелена салата.

.

Салата од спанаќ и јагоди

СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1 кг спанаќ
• 650 гр јагоди, тенко исечкани
• 120 мл масло
• 60 мл бел оцет
• 100 гр шеќер
• 20 гр сусам
• 10 гр афион
• ½ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Во голем сад, измешајте ги спанаќот и јагодите.

Во друг, помал сад, измешајте ги маслото, оцетот, шеќерот, црвениот пипер, сусамот и афионот. Оваа смеса прелијте ја преку спанаќот и јагодите.

Related Posts with Thumbnails