wordpress counter

Лисната погача

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако се решите да приготвите погача, не плашете се. Не е така тешко како што изгледа. Токму затоа, овој рецепт им го посветуваме на сите оние кои се плашат да приготват нешто посложено.

СОСТОЈКИ
• 700 гр брашно
• 100 мл масло
• 400 мл млеко
• 1 мала лажица сол
• 2 јајца
• 20 гр квасец
• 1 мала лажица шеќер

за премачкување на тестото
• маргарин

за премачкување на погачата
• 1 жолчка
• сусам

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: брашното се посипува во сад и во средина се прави дупка во која се ставаат јајцата и квасецот. Се прелива со малку млако млеко и се остава да стаса. Кога ќе стаса квасецот, додадете сол, масло, јајца и со млако млеко замесете тесто (млекото се става полека).

Чекор 2: набрашнете ја работната површина. Тестото измесете го за да добиете топка. Вратете го во садот, премачкајте го со масло и оставете повторно да стаса. Откако ќе стаса, тестото развлечете го во форма на правоаголник и направете да биде што е можно потенко.

Чекор 3: премачкајте го тестото со маргарин. Свиткајте го во форма на ролат. Ставете го во средината на калап за печење. Потребно е да има подеднакво слободен простор до краевите на калапот или садот за печење. Оставете повторно да нарасне.

Чекор 4: на крајот, премачкјате го со жолчка од јајца, направите засеци од 1 см, наросете со сусам. Оставете да стои уште 15-тина минути, а потоа печете во загреана рерна на температура од 200℃.

Related Posts with Thumbnails