wordpress counter

Палента на црногорски начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вкусната палента може да претставува одличен почеток на еден ваш ден. Ќе ве направи да се чувствувате повторно како малото детенце, кое го однеле кај баба на чување, а таа со многу љубов и внимание ви подготвила топол, вкусен и здрав појадок.

Овој појадок ќе ви стопли во студените зимски денови, а воедно и ќе ве расположи.

СОСТОЈКИ
• 2-3 средни компири
• 1,5 чаша пченкарно брашно
• 1 лажица сол
• 800 мл млака вода
• кајмак или сирење (препорачливо кајмак)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и пресечете ги на половина. Потоа, ставете ги во солена вода да се варат. Кога ќе провријат, ставете го пченкарното брашно.

Оставете го да врие уште 10 минути, потоа намалете го огнот и оставете да се крчка уште дваесетина минути.

Потоа, со дрвена лажица убаво промешајте, додека не се соединат компирот и брашното. По 10-тина минути, тргнете го садот од оган и оставете го да се стврдне. Во палентата додадете кајмак или рендано овчо сирење и сервирајте со јогурт или кисело млеко.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails