wordpress counter

Супа од коприви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Копривата е самоникнато растение кое расте на запуштени места. Станува збор за подзаборавен зеленчук кој ретко се користи во исхраната. Со оглед дека е полна со калиум, железо и има својство на диуретик, денес ви предлагаме еден прекрасен рецепт – супа од коприва.

СОСТОЈКИ
• 400 гр млада коприва
• ½ шолја овесни снегулки
• 2 големи лажици сончогледово масло
• 8 дл вода
• ½ коцка за супа
• 1 голема лажица оцет
• 1 дл павлака од соја
• 2-3 млади кромидчиња (само зелените делови)
• 2 големи лажици маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: одвојте ги листовите коприва од стеблото. Варете ги во вода која врие 2-3 минути. Откако ќе се свари, исцедете и ситно исчекајте ја копривата. На масло, пропржете ги овесните снегулки и додадете им ја копривата. Загрејте вода и со неа прелијте ја копривата.

Чекор 2: кога супата ќе почне да врие, додадете ½ коцка за супа и оставете да се вари уште 10 минути. Додадете оцет и варете уште 2 минути. Полека замешајте ја павлаката и изгаснете го шпоретот.

Чекор 3: на масло, пропржете ги зелените делови од младиот кромид. Потоа, додадете ги кон супата и добро измешајте. Се служи топла.

Related Posts with Thumbnails