wordpress counter

Белгиски вафли

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Морис Вермеш, за првпат ги направил овие вафли за време на саемот на храна во Сиетл, во текот на 1962 година. Но, светска популарност достигнаа дури по 3 години. Традицијата ја продолжи неговата ќерка Марипол, која одбива да ја открие тајната на рецептот. Сепак, овој рецепт е најбилску до она што денес е познато како белгиски вафли.

СОСТОЈКИ
• 210 гр брашно
• 1 мала лажица шеќер
• 4 јајца
• 1 ¼ шолја вода
• ½ мала лажица екстракт од ванила
• 250 гр путер
• 500 мл слатка павлака
• 500 гр јагоди
• шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги брашното и шеќерот во подлабок сад. Додадете ја водата, жолчките од јајцата и ванилата и мешјате сѐ додека не се добие хомогена смеса. Потоа, додадете го путерот и повторно добро измешајте ја смесата. Измиксирајте ги белките од јајцата (2-3 минути) и половина од снегот додадете го на смесата со путер.

Во меѓувреме, загрејте го тостерот за вафли. Откако тостерот ќе биде доволно загреан, ставете малку од смесата за вафли и веднаш поклопете го горниот дел. Печете ги околу 5 минути, односно додека вафлите не станат златно-кафени.

Сервирање: вафлата се става на чинија, се покрива со шлаг од слатка павлака и јагоди. На крајот се попрскува со шеќер во прав.

Related Posts with Thumbnails