wordpress counter

Бомбици со јаболка и ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (15 гласа, просек: 4,80 од 5)


Овој навистина посебен десерт обично се подготвува за Божик, но со оглед дека јаболката и оревите се постојано достапни, може да се приготвува во текот на целата година. Може да претставуваат достојна замена за популарните рум бомбици. Се подготвуваат од само 5 состојки.

СОСТОЈКИ (за 50 бомбици)
• 0.5 кг јаболка (3-4 јаболка со средна големина), излупени и изрендани
• 225 гр шеќер
• 250 гр мелени бисквити
• 250 гр несолен путер, исчекан на коцки
• 100 гр ореви, сечкани

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад со средна големина, измешајте ги ренданите јаболка и шеќерот. Проварете на средна температура со постојано мешање, сè додека не омекне смесата (5-10 минути). Отстранете го садот од шпорет и оставете ги јаболката да се изладат во фрижидер 15-20 минути.

Чекор 2: во меѓувреме, во поголем сад додадете ги путерот и бисквитите. Со помош на вашите прсти, направете хомогена смеса. Додадете ги јаболката и повторно убаво измешајте. Ставете во фрижидер 30 минути.

Чекор 3: од смесата обликувајте топчиња. Топчињата обложете ги со сечкани ореви. Пред да ги сервирате, оставете ги 15-тина минути на собна температура.

Related Posts with Thumbnails