wordpress counter

Бомбици со темно чоколадо и моки смеса

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овие чоколадни топчиња лесно се приготвуваат, затоа што директно се попрашуваат со какао наместо претходно да топите чоколадо и да ги преливате со него. Чоколадната глазура останува како фил во внатрешноста на колачињата.

СОСТОЈКИ (за 16 топчиња)
• 250 гр темно чоколадо
• 2 големи лажици несолен путер
• ½ шолја слатка павлака
• 2 големи лажици рум
• 1 мала лажица ванила
• ½ шолја какао во прав

за моки тесто
• 1 шолја брашно од ориз
• ¼ шолја шеќер
• 2/3 шолја вода

за гарнирање
• какао прав за наросување
• скроб

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: искршете го чоколадото на помали парчиња. Путерот исечете го на коцки. Измешајте ги овие две состојки во еден поголем сад. Во сад за пржење, на умерен оган, загрејте ја до вриење павлаката. Потоа, налејте ја во смесата со чоколадо. Додадете рум и ванила и добро измешајте. Смесата ставете ја во стаклен сад и оставете 30 минути да се излади, за да се формира филот.

Чекор 2: на работната површина ставете какао. Од филот, со помош на лажица, направете топчиња. Наредете ги топчињата во чинија на која сте ставиле хартија за печење.

Чекор 3: за да ја подготвите моки смесата, измешајте го брашното и шеќерот и ставете ги во огноотпорен стаклен сад. Додадете ја полека водата и со помош на спатула или дрвена лажица добро промешајте (додека не се растопи брашното од ориз). Затворете го садот со пластична фолија.

Чекор 4: ставете го садот со моки смеса во рерна и печете 2 минути. Промешајте и ставете го во рерна или микорбранова печка уште 2 минути, за да стане густа смесата. Потоа, оставете ја моки смесата на пареа уште 12-15 минути. Со помош на спатула извадете го тестото и попрскајте ги со брашно од ориз. Направете 16 правоаголни парчиња од тестото.

Чекор 5: намачкајте го секое парче тесто со брашно, со помош на четкичка. Во центарот на тестото ставете од топче од чоколадо и потоа затворете го од сите страни. Извалкајте го во какао. Ако бомбиците се многу меки на допир, ставете ги малку да се изладат во фрижидер пред сервирање.

Related Posts with Thumbnails