wordpress counter

Божиќно мени – Десерт: Чудо од чоколадо

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 4,50 од 5)


Чудо од чоколадо

Чоколадните десерти се секогаш добитна комбинација, со која нема да погрешите. Овој прекрасен чоколаден десерт е лесен и брз за приготвување. Доколку сакате вашето колаче да има поспецифичен и побогат вкус, можете во него освен чоколадото за готвење да додадете и чоколадо со топени лешници. За овој десерт дефинитивно ќе морате да направите поголема количина, бидејќи сите ќе бараат репете.

СОСТОЈКИ

за тестото
• 4 јајца
• 100 гр шеќер
• 100 гр чоколадо за готвење
• 200 гр маргарин
• 4 лажици брашно
• 1 прашок за пециво

за кремот
• 500 мл слатка хопла
• 300 гр чоколадо за готвење
• 1 лажица шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги жолчките и додадете го шеќерот. Истопете го маргаринот, заедно со 100 гр чоколадо и додадете ги во жолчките. Измешајте го прашокот за пециво со брашното и додадете го во смесата. На крајот, додадете ги изматени белките од јајцата.

Ставете ја смесата во сад за печење и печете 20-тина минути на 180℃. Во меѓувреме, за кремот, во огнотпорен сад ставете ја слатката павлака, 200 гр чоколадо и шеќер. Загревајте ја смесата на тивок оган, сѐ додека не зоврие.

Кога ќе го извадите тестото од рерна, со вилушка пробушете го на неколку места, па потоа прелите го со кремот. Откако ќе се излади, ставете го неколку часа во фрижидер, за да се стегне кремот. Исечете го на коцкички и послужете.

Related Posts with Thumbnails