wordpress counter

Чоколадни коцки со вишни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)

Аромата на свежо печени колачи секогаш носи пријатно чувство на топлина во домот. Изненадете ги најблиските со овие совршено вкусни чоколадни коцки со вишни направени од новото Жито Лукс брашно за колачи кое има мека и фина структура и лесно нараснува без дополнителни додатоци.

СОСТОЈКИ
● 15 лажици Жито Лукс брашно за колачи
● 15 лажици млеко
● 15 лажици шеќер
● 15 лажици масло
● 3 јајца
● 4 лажици какао
● 1 ванилин шеќер
● 100 гр чоколадо

за фил
● 700 мл млеко
● 150 гр шеќер
● 2 ќесички чоколаден пудинг
● 100 гр чоколадо
● 500 гр вишни
● 2½ дл слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги жолчките од јајцата со сите состојки и со белките кои претходно ќе ги изматите. Намачкајте го садот со масло и наросете го со брашно. Ставете половина од тестото во садот и печете 10 минути, за само малку да се запече, а потоа додадете ги вишните и изрендано чоколадо. Над тоа додадете млак фил од пудинг, па потоа остатокот од тестото и печете на 170 степени.

На тивок оган гответе за да се соединат павлаката и чоколадото (внимавајте да не зоврие). На крајот прелијте на колачот откако ќе се излади и исечете на коцки.

Related Posts with Thumbnails