wordpress counter

Чоколадни мафини со овошје по желба

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 4,50 од 5)


Чоколадните десерти се едни од омилените десерти за секого. Уште ако се искомбинирани со некое овошје, задоволството е комплетно. Ние ви даваме предлог да подготвите чоколадни мафини со цреши.

СОСТОЈКИ
• 50 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 100 гр маргарин
• 1 јајце
• 200 мл млеко
• 2 големи лажици какао
• 150 гр брашно
• 1 прашок за пециво
• 200 гр цреши без семка
• 200 гр чоколада

ПОДГОТОВКА
Омекнете го маргаринот и изматете го заедно со шеќерот. Додадете и една кесичка ванилин шеќер и едно цело јајце и потоа измешајте со миксер. Преполовете го чоколадото и една половина растопете ја и измешајте ја во смесата со јајца и маргарин. Додадете 200 мл млеко и какао. На крај, со постојано мешање, постепено додавајте брашно и прашок за пециво.

Изрендајте или ситно исечкајте го остатокот од чоколадото и додадете го кон смесата. Потоа, додадете ги и црешите (или друго овошје по избор) и добро измешајте за да добиете хомогена смеса.

Хартинените чашки за мафини наредете ги во калапи, наполнете ги до 2/3 со смесата и печете на температура од 180°С околу 20-тина минути.

Совет: ако сакате да дознаете дали мафините се доволно печени, проверете со помош на чепкалка. Забодете го дрвцето во средината на мафинот. Ако го извадите дрвцето суво, тогаш мафините се подготвени за сервирање.

Related Posts with Thumbnails