wordpress counter

Чоколадни пралини со брусница и лешници

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ви подаруваме рецепт десерт кој тотално ќе ве воодушеви. Ова чоколадо не се купува, туку настанува во вашата кујна. Со многу љубов и насмевки, посветеност и најубави состојки.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја издробено темно чоколадо
• 1/3 шолја пржени и исечкани лешници
• 1 лажица изрендана кора од портокал
• 1/3 шолја суви брусници
• 2 лажици кокосово масло
• малку морска сол

ПОДГОТОВКА
Истопете го чоколадото. Додадете кокосово масло и мешајте сѐ додека не се истопи. Измешјате ги и другите состојки. Со помош на лажица обликувајте ја смесата во мали пралини и редете ги на хартија за колачи.

Потоа, ставете ги во фрижидер за да се изладат. Се сервираат студени.

Related Posts with Thumbnails