wordpress counter

Цимет мафини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)

Аромата на свежо печени колачи секогаш носи пријатно чувство на топлина во домот. Изненадете ги најблиските со овие совршено вкусни цимет мафини направени од новото Жито Лукс брашно за колачи кое има мека и фина структура и лесно нараснува без дополнителни додатоци.

СОСТОЈКИ
● 1 1/2 шолји Жито Лукс брашно за колачи
● 1/2 шолја шеќер
● 1/2 кафена лажичка сол
● 1/2 кафена лажичка мелено морско оревче
● 1/2 кафена лажичка цимет
● 1 јајце, матено
● 1/2 шолја млеко
● 1/3 шолја путер, растопен

за топинг
● 2 лажици шеќер
● 1/2 кафена лажичка цимет
● 1/4 шолја путер, растопен

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте ги брашното, шеќерот, солта, морското оревче и циметот и потоа додадете ги јајцето, млекото и путерот. Добиената смеса со лажица распоредете ја во корпички за мафини кои претходно ќе ги намастите. Печете 20 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечат, топлите мафини намачкајте ги со растопен путер и потоа наросете шеќер и цимет.

Related Posts with Thumbnails