wordpress counter

Домашни крофни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,43 од 5)


Крофните се веројатно еден од оние десерти кои ретко кој ги одбива. Постојат цел милион варијанти, а ние се решивме токму за основните. Сигурни сме тие се највкусни.

СОСТОЈКИ
• 1 кг брашно
• 200 гр путер
• 8 жолчки
• 80 гр шеќер
• малку сол
• малку кора од лимон
• 2 мали чаши рум
• ½ литар млеко
• 60 гр квасец

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изматете го квасецот со 3-4 шолјички млеко, додадете 2 шолјички шеќер и 3 мали шолји брашно. Кога квасецот ќе нарасне, замесете тесто од сите состојки. Тестото се меси сѐ додека не се поврзат сите состојки, а потоа се „удира“ со помош на дрвена лажица, сѐ додека не се појават меурчиња. Оставете го тестото покриено со крпа за да нарасне.

Чекор 2: работната површина на која ќе го развлечете тестото посипете ја со брашно и исукајте го со дебелина од 1-1.5 цм. Крофните се прават во кружен облик (со помош на чаша или калап). Оставете ги повторно да нараснат.

Чекор 3: крофните се пржат во многу масло. Садот нека биде длабок, со дебело дно, за да може подеднакво да се загрее маслото. Секоја крофна пржете ја по три минути од двете страни. Ако маслото стане мошне врело, ставете лажица – две ладно масло.

Совет: ако сакате полнети крофни, тестото треба да биде исукано потенко. Повторно се прават кружни форми со помош на чаша. На едната кружна форма се додава филот по желба и потоа се поклопува со друг кружен облик така што двете половини ќе се спојат. Пржењето е исто како и кај крофните без полнење.

На крајот, ставете ги пржените крофни на хартија за да се впие маснотијата. Попрскајте со шеќер во прав, прелијте со глазура со чоколадо или какао и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails