wordpress counter

Единствените: Brownies

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


ЕДИНСТВЕНИТЕ: BROWNIES

Сте пробале ли до сега нешто вистински, ама вистински чоколадно? Brownies, кои во буквален превод би биле „кафeавковци”, се уште еден уникатен десерт кој може да го наброиме во листата на децениско глобални и оригинални рецепти.

Популарноста на овие колачиња е универзална, и отишла дотаму што меѓу нивните љубители се појавиле и различни гледања на тоа што се вистински brownies. Некои ги сакаат богати и цврсти, а други ги преферираат полесни, слични на тесто за торта. Трети сметаат дека во нив не треба да се додава ништо освен основните состојки, а четврти им додаваат јаткасти плодови за да го збогатат и онака перфектниот вкус.

Еве еден фин рецепт, околу кој би се сложиле повеќето од оние кои се фанови на овој универзален десерт. А вие, кои не сте имале прилика да ги пробате, ова е вашиот бесплатен билет кон глобалниот храм за обожување на единствените brownies. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ за 24 парчиња
• 1 и 1/2 филџан несолен путер
• 2 филџани сенаменско брашно
• 230 г незасладено чоколадо, сечкано
• 5 големи јајца
• 2 кафени лажички екстракт од ванила
• 3 филџани шеќер
• ¼ кафена лажичка сол
• 200 г полу-засладено чоколадо, сечкано

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200°С. Замастете тава за печење и обложете ја со хартија. Замастете ја хартијата и посипете ја со брашно. Чоколадото топете го на пареа, прво незасладеното заедно со путерот. Откако ќе се стопи, тргнете го на страна. Во друг сад матете ги јајцата, со ванила и шеќер околу 10 минути. Потоа намалете ја брзината на матење и додадете го стопеното чоколадо, мешајќи да се соединат. Додавајте брашно и сол постепено, и на крај додадете го сечканото полу- слатко чоколадо. Откако се ќе се измати, ставете го во тавата за печење. Печете додека краевите на тестото не почнат да се одвојуваат од тавата, околу 25 до 30 минути. Потоа извадете ја тавата од рерната и ставете ја на страна да се лади. На крај исечете 24 парчиња и послужете ги.

Related Posts with Thumbnails