wordpress counter

ФЕНСИ ПИЦА ДЕСЕРТ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


fruitpizza

Традиционалната пица, еден од омилените оброци насекаде во светот, изобилува со калории и маснотии. Лесна е за подготовка и превкусна за консумирање, но често пати мора да ја тргнеме од менито во име на здравата и диетална исхрана. Ако не можете да се сетите што би ставиле на нејзино место, пробајте со… пица!

Поинаква пица, сосема различна од оние што сте ги јаделе досега. Калориите ги нема за половина, а вкусот е синтеза од сладникавите, свежо-магични допири на разновидните овошја. Со основа од шеќерно тесто, прекриено со снежен крем и бројни слоеви на овошна фантазија, завршено со џем и траги од чоколадо… Ништо не може да биде повкусно од ова. Не само што е вкусно туку е и забавно, и навистина лесно за подготовка. Секој може да направи пица-десерт, без разлика дали ќе ја споделите со семејството или ќе ја сервирате како сладок специјалитет на вашата фенси забава.

Само подгответе го тестото за крофни и забавата може да почне. Поканете ги пријателите, или вашите деца и заедно аплицирајте ја својата имагинација со парчињата овошје. Креирајте насмеани лица, цветови на среќата, љубовни пораки или едноставно насликајте сè што ќе ви падне на памет. Не можете да погрешите во вкусот бидејќи тој ќе биде производ на енергија потрошена во смеење и забава. Уживајте! [М. Б.]

СОСТОЈКИ
Тесто за пицата
• 3 кг слатко тесто за крофни

Сос за пицата
• 500 гр. слатка павлака
• 1/3 филџан шеќер
• половина супена лажица ванила

Состојки за пицата
• свежи праски сечкани на фелки
• цели јагоди, исечени на половина
• боровинки, сушени
• киви, сечкани на фелки
• малини
• грозје без семки
• банани
• ананас на кругови
• јаболка, лупени и сечкани на фелки
• мандарини,излупени и разделени на фелки (Може да користите какво било овошје, во зависност од вкусот или сезоната. Најдобро е да биде свежо.)

Глазура или прелив за пицата
• 1/4 филџан мармалад од портокал (кајсија, јагода или малина)
• 1 супена лажица вода
• по желба, чоколадни трошки

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 190 С°. Слаткото тесто за крофни размесете го во форма на круг, со дебелина од 1 см. Додека го формирате тестото, ставајте брашно на прстите. Откако е формирана кората за пица, печете ја во рерна 15 до 20 минути, сè додека не добие златникаво-кафеава боја. Оставете ја да се излади кога ќе ја извадите од печење. Додека кората се лади, во мал сад ставете ги слатката павлака, шеќерот и ванилата и матете додека не се направи компактна смеса. Потоа убаво разнесете ја смесата врз изладената кора и ставете ја во фрижидер за да се лади неколку часа. Потоа врз смесата од слатка павлака, редете го овошјето, во различни форми, по желба. Мармаладот размешајте го со вода и полека нанесете го врз нареденото овошје. Доколку сакате, можете да посипете чоколадни трошки врз сето тоа. Се служи веднаш, сечено на парчиња како секоја пица. Со овие количини од состојките би требало да добиете 12 парчиња.

Related Posts with Thumbnails