wordpress counter

Јаболка во шлафрок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,33 од 5)


Ова е мошне едноставен рецепт со кој може да им го вратите вкусот на минатото на сите домашни.

Овој рецепт е за 4 лица, иако сме сигурни дека нема да биде доволно по едно јаболко, па затоа ве советуваме веднаш да направите двојна доза.

СОСТОЈКИ
• 4 јаболки
• 2 јајца
• ½ литар млеко
• ванилин шеќер
• 100 гр шеќер
• 350 гр брашно
• масло за пржење
• цимет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измијте и излупете ги јаболката. Средината исчистете ја од семки и потоа исечете ги на тенки кругови со дебелина од 1 цм.

Чекор 2: од другите состојки направете тесто како за палачинки, но да биде малку погусто. Во меѓувреме, загрејте го маслото за пржење.

Чекор 3: обложете ги круговите јаболка со тестото и ставете ги да се пржат. Пржете колку да поруменат од двете страни. Кога ќе ги вадите од садот, ставете ги на хартија, за да се впие маснотијата. Се посипуваат со шеќер во прав и цимет. Се служат топли.

Related Posts with Thumbnails