wordpress counter

Карамел колач со јаболка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Комбинација која ќе ве остави без зборови. Слатка толку колку што треба за еден десерт. Покрај тоа, не бара многу состојки и време за подготовка. Останува да ги засукате ракавите и да подготвите нешто во што вистински ќе уживате.

СОСТОЈКИ
• 300 бисквити
• 1 кг јаболка
• 500 гр шеќер
• 100 гр маргарин
• 100 мл вода
• мелени оревчиња

ПОДГОТОВКА
Излупете и изрендајте ги јаболката. Додадете им 2 големи лажици шеќер и варете ги сѐ додека не испари течноста која ја пуштиле јаболката. Бисквитите наредете ги во правоаголен сад. Потоа, ставете половина од пржените јаболка, наредете втор ред бисквити и втората половина од јаболката. Завршете со уште еден ред бисквити. Најдобро е да се остави да отстои преку ноќ во фрижидер.

Остатокот од шеќерот истопете го за да добиете карамел. Внимавајте да не ви загори. Треба да има златна боја. Потоа, додадете 100 мл вода и варете сѐ додека не се растопи карамелот. При крај, додадете го маргаринот и варете уште 5 минути.

Извадете го колачот од фрижидер. Исечете го на коцки или триаголници и секое парче прелијте го со карамел. На крај, посипете со мелени оревчиња. Пред сервирање, оставете колачот да се излади.

Related Posts with Thumbnails