wordpress counter

Колач: Медено срце

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (15 гласа, просек: 4,73 од 5)


Медено срце е еден од колачите во кои сите подеднакво уживаме. Затоа, денес го претставуваме еден од најдобрите рецепти за овој десерт. Веруваме дека ако затворите очи и го вкусите овој колач, ќе помислите дека јадете вистинско медено срце.

СОСТОЈКИ
• ½ килограм брашно
• 300 гр шеќер
• 300 мл млеко
• 18 лажици мармалад
• 2 мали лажици сода бикарбона
• 2 мали лажици цимет
• 300 гр чоколадо

ПОДГОТОВКА

за тесто
Се мешаат ½ килограм брашно, шеќер, млеко, 10 лажици мармалад, сода бикарбона и цимет. Тестото се преполовува и се става во тава за печење. Малку се запечува и потоа се става филот.

за фил
Во длабок сад се ставаат 200 гр чоколадо и 8 лажици мармалад. Садот се става на умерен оган и смесата се вари додека не се истопи и не стане хомегена.

Откако ќе го ставите филот, поставете ја и втората половина од тестото и овојпат испечете до крај. Се пече 20-25 минути на температура од 180℃.

На крајот, може да декорирате со глазура од чоколадо (растопете го преостанатото чоколадо).

Сервирање: колачот можете да го исечете на правоаголници или ако сакате потполно доживување, искористете калапи во облик на срце и направете ги колачите токму во форма на нивното име.

Related Posts with Thumbnails