wordpress counter

Колач полн со овошје

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт е посветен на вкусен колач кој изобилува со различни видови овошје. Одличен избор за ужина или десерт по обилниот ручек. Се подготвува  за околу 40-тина минути.

СОСТОЈКИ
• 90 гр путер
• 1 шолја млеко
• 2 јајца
• кора од лимон
• ½ шолја ананас (исечкан на коцкички)
• ½ шолја цреши (пресечени на половинки)
• ½ шолја бело грозје (исчистено од семки)
• ½ шолја бадеми
• ¾ шолја саморастечко брашно
• ¾ шолја обично брашно
• ¼ шолја сок од лимон
• ¼ шолја мед

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200°С. Измешајте ги путерот и ¾ шолја млеко. Додавајте ги јајцата, едно по едно, со постојано мешање. Потоа, ставете кора од лимон, овошјето, бадемите и добро измешајте. Додадете ги преостанатото брашно и млеко и повторно измешајте.

Смесата ставете ја во сад за печење. Печете околу 20 минути, сѐ додека колачот не стане златно-кафен. Во посебен сад измешајте ги сокот од лимон и медот и прелијте го колачот. Сечете на правоаголни парчиња.

Related Posts with Thumbnails