wordpress counter

Крем пити со шлаг

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 4,78 од 5)


Овој лесен десерт е одличен сладок деликатес за било кој дел од денот. Иако на прв поглед може да изгледа дека тешко се приготвува, ќе се изненадите колку е едноставен ако се држите до упатствата.

А сега, да започнеме со готвење.

СОСТОЈКИ
• 1 пакување лиснато тесто (два листа)
• 1,3 л млеко
• 300 гр шеќер
• 150 гр брашно
• 1 пудинг од ванила
• 3 кесички ванилин шеќер
• 8 јајца
• 2 кесички желатин
• ½ л слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: лиснатото тесто се расукува и секоја од двете кори се пече посебно. Пред да ги ставите да се печат, боцнете ги со вилушка за да не се подигне тестото.

Чекор 2: едната кесичка желатин прелијте ја со 4 лажици вода. Млекото полека зовријте го, а во меѓувреме, измешајте ги пудингот, брашното, жолчките, 150 гр шеќер и ванилиниот шеќер. Додадете малку ладно млеко, за смесата да биде течна (внимавајте да не ви се направат грутки). Смесата полека додавајте ја во млекото. Најдобро е да мешате со миксер кога ја додавата смесата.

Чекор 3: измискирајте ги белките заедно со 150 гр шеќер. Жолтиот крем тргнете го од оган, брзо измешајте го желатинот и мешајте додека не се спои. Потоа, со дрвена лажица, додадете го шлагот од белки и сѐ заедно излијте го на првата кора во тепсијата. Израмнете ја смесата полека. Изладете на собна температура.

Чекор 4: втората кесичка желатин прелијте ја со 4 лажица вода. По 10 минути, стопете го желатинот во 1 дл топло млеко (млекото загревајте го на оган додека не се стопи желатинот). Изматете ја слатката павлака и во неа полека ставајте го млекото со желатин. Оваа смеса ставете ја преку кремот од жолчки и поклопете со втората кора.

Совет: кремпитите првин се ладат на собна температура, а потоа во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails