wordpress counter

Лешник еспресо коцки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)

Аромата на свежо печени колачи секогаш носи пријатно чувство на топлина во домот. Изненадете ги најблиските со овие совршено вкусни лешник еспресо коцки направени од новото Жито Лукс брашно за колачи кое има мека и фина структура и лесно нараснува без дополнителни додатоци.

СОСТОЈКИ
● 1 1/2 шолји Жито Лукс брашно за колачи
● 1/2 кафена лажичка сол
● 1 1/2 шолји кафен шеќер
● 3/4 шолја путер, растопен и изладен
● 2 јајца
● 1 1/2 лажици бурбон (по желба, можете да замените со рум)
● 1 лажицa еспресо кафе
● 1 1/2 шолји издробено чоколадо
● 1/2 шолја печени лешници, кршени
● 3 лажици чоколаден крем

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во еден голем сад измешајте ги брашното и солта, а во втор голем сад измешајте ги шеќерот и растопениот путер, сѐ додека не се соединат. Додадете ги и јајцата и добро мешајте.

Во помал сад измешајте ги бурбонот (румот) и еспресо кафето и мешајте додека кафето не се растопи и потоа додадете ги во вториот сад.

Со спатула соединете ги состојките од двата сада и потоа додадете ги и чоколадото и 1/4 од лешниците.

Смесата распоредете ја во сад со хартија за печење и одозгора нанесете го кремот, а потоа наросете го и остатокот од лешници. На крајот, со чепкалка направете свиоци во кремот.

Печете 20-25 минути во рерна претходно загреана на 180 степени.

jacquelynclark.com

Related Posts with Thumbnails