wordpress counter

Мали тортички со овошје и крем (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,33 од 5)


Овошните тортички или „tartlets“ се подготвуваат за помалку од еден час и се прилично едноставен десерт за сите кои уживаат во освежителни кремасти колачиња.

„Tartlet“ е име за лесна, шарена торта која може да се исполни со сезонско овошје и со крем или пудинг по избор. Основа на овие тортички е кора за која е потребно:

СОСТОЈКИ
• 300 гр брашно
• 200 гр путер
• 100 гр шеќер во прав
• 1 жолчка
• сол и кора од лимон

ПОДГОТОВКА

за тесто
Во брашното ставете првин дробен путер, а потоа и шеќер, жолчка, сол и кора од лимон. Замесете го тестото и оставете го во фрижидер да се излади. Потоа, исукајте го тестото и исечете го на кругови, со кои ќе ги обложите калапите за тортички. Калапите претходно треба да се премачкани со маргарин, а тестото избодете го со вилушка. Малите торти се печат 10-15 минути на температура од 180℃.

за крем
• 2 жолчки
• ¼ шолја брашно
• ¼ шолја шеќер
• 1 шолја млеко
• 2 мали лажици екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА
Изматете ги жолчките, екстрактот од ванила, шеќерот и брашното. Потоа, постепено додавајте жешко млеко, со постојано мешање. Вратете го садот на шпорет и мешајте сѐ додека не се добие мазна и густа смеса. Кога кремот ќе биде готов, тргнете го од оган и покријте го садот со фолија, за да спречите создавање на кора. Кога ќе се излади, рамноменро распоредете го по кората од тортичките. Декорацијата може да биде со шлаг и овошје. Се служат и топли и ладни.

Совети

• ако сакате побогат вкус на тестото, во него додадете цимет, мускатно оревче или ѓумбир;
• ако не сакате кората да биде многу мокра кога подоцна ќе ставите овошје, премачкајте ја со жолчка од јајце или мешавина од брашно и шеќер.

Во следниот дел од статијата ќе ви предложиме неколку различни комбинации на тортички со овошје и крем.

Related Posts with Thumbnails