wordpress counter

Мармалад од црвен портокал

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,75 од 5)


Есента е сезона кога се подготуваат бројни домашни специјалитети. Еден од нив е домашниот мармалад. Со оглед дека не сме виделе по нашите продавници мармалад од црвен портокал, денес ви претставуваме рецепт.

СОСТОЈКИ
• 8-9 црвени портокали
• 10 шолји вода
• 8 шолји бел шеќер
• 2 големи лажици ликер „Cointreau“ или „Grand Marnier“
• тегли и термоемтар за готвење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измијте ги убаво портокалите и пресечете ги на половина. Секоја половина, со помош на остро ноже, пресечете ја на колку можете потенки парчиња. Сите парчиња портокал ставете ги во сад за варење.

Налејте вода и оставете да почне да врие. Потоа, смалете ја температурата на огнот и додадете шеќер. Измешајте убаво и оставете ја смесата преку ноќ за да пушти арома.

Следниот ден, смесата ставете ја повторно да зоврие и потоа со помош на термометар за готвење, варете сѐ додека не достигне температура од 100℃ (15-20 минути). Смесата ќе започне да потемнува и да станува густа.

Потоа, ставете го ликерот од портокал и измешајте.

Мармаладот ставете го во добро измиени и стеризлизирани тегли. Затворете цврсто со капак.

Уживајте цела зима во овој неповторлив вкус.

Related Posts with Thumbnails