wordpress counter

Мед од шеќерна репа

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Медот од шеќерна репа не го прават вредните пчели, туку вредните луѓе. Сигурно ќе се запрашате од каде произлегла целата идеја за ваков мед? Одговорот е во сиромашниот начин на живеење на село, каде вистинскиот мед се чувал само кога луѓето се разболуваат.

Најпрвин, оваа репа се користела за хранење на стоката, а подоцна, откако е откриено дека во неа има шеќер, селаните успеале да ја искористат и за приготвување на мед.

Ние, денес ви го претставуваме рецептот за приготвување мед од шеќерна репка.

СОСТОЈКИ
• шеќерна репа
• вода (по потреба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: најпрвин добро измијте ја репата. Потоа, излупете ја и изрендајте ја.

Чекор 2: изренданата шеќерна репа ставете ја во подлабок сад за варење и додадете вода. Вклучете го шпоретот и оставете ја репата да омекне и да пушти сок.

Чекор 3: сварената шеќерна репа, добро исцедете ја, а добиената течност треба да се процеди и да се врати назад во садот. Варете, сѐ додека не добие темно кафена боја и додека не добие конзистенција поретка од пчелин мед.

Чекор 4: кога ќе го поминете чекорот 3, медот е подготвен. Се става во стаклени тегли.

Related Posts with Thumbnails