wordpress counter

Мока торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Десертите секогаш добро се комбинираат со еден од нашите омилени пијалаци – кафето. Ова е уште една таква комбинација, во која на слаткиот вкус совршено се надоврзува горчливоста на кафето. За подготовка ќе ви бидат потребни околу 120 минути, но верувајте дека ниту една од тие минути нема да биде залудно потрошена.

СОСТОЈКИ

За тесто
• 300 гр шеќер
• 300 гр брашно
• 6 јајца
• 6 големи лажици врела вода
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 1 кесичка прашок за пециво

За фил
• 250 гр путер
• 200 гр шеќер во прав
• 2 лажици сварено црно кафе (или еспресо)
• 2 лажици ликер од кафе

ПОДГОТОВКА
Жолчките, врелата вода, ванилиниот шеќер и шеќерот треба добро да се изматат. Потоа се додаваат белките (претходно убаво изматени) и брашното, промешано со прашокот за пециво. Изедначете ја смесата со лажица за матење и ставете ја во сад за печење, во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Ставете го садот во рерна на температура од 200°С околу 15-20 минути.

Превртете го печеното тесто и полека отстранете ја хартијата. Оставете да се излади. Во меѓувреме, подгответе го филот. Изматете го путерот, додадете шеќер во прав, кафе, ликер и продолжете со матење со помош на миксер.

Тестото пресечете го на половина (хоризонтално). Отстранете го горниот дел и потоа ставете фил. Покријте со другиот дел од тестото. На крај, целата торта премачкајте ја со тенок слој фил. Можете да декорирате со зрна кафе и рендано чоколадо. Пред служење оставете ја барем 2-3 часа во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails