wordpress counter

Монте колач

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (13 гласа, просек: 4,92 од 5)


Монте колачот се подготвува лесно и едноставно. Она што е најважно е дека децата го обожуваат, така што можете да го приготвите за роденденот на вашите најмили.

СОСТОЈКИ

за бисквит дел
• 5 лажици шеќер
• 5 лажици мелени ореви
• 2 лажици брашно
• 1 прашок за пециво
• 6 белки и 6 жолчки

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги пенесто жолчките и шеќерот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и на крајот шлагот кој сте го приготвиле од белките. Печете на температура од 180℃, 30-40 минути.

за фил
• ½ литар млеко
• 4 лажици густин
• 5 лажици шеќер
• 1 маргарин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Густинот и шеќерот се матат со малку ладно млеко, а потоа налејте ½ литар варено врело млеко. По 5 минути варење на умерен оган, оставете ја смесата да се излади и кога ќе биде ладна, додадете го изматениот маргарин.

за глазура
• ½ литар слатка павлака
• 200 гр чоколадо за готвење
• 100 гр млечно чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
На умерен оган ставете ги слатката павлака и чоколадото. Повремено мешајте додека смесата не се изедначи во потполност. Тргнете од оган и оставете малку да се излади.

На изладениот бисквит, прво ставете го филот, а врз него глазурата.

Related Posts with Thumbnails