wordpress counter

Неговото височество – сладолед

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 5,00 од 5)


Жешките летни денови се во полн ек, а нам ни е потребно студено освежување. Токму овој смрзнат сладолед е решението за сите нас. Станува збор за банана фостер сладолед.

Подготовка: 30 минути
Ладење: преку ноќ
Порции: околу 8 (половина шолја сладолед)

СОСТОЈКИ
• 130 гр кафеав шеќер
• 5 жолчки
• ¼ мала лажица цимет
• 300 мл млеко
• 60 мл слатка павлака
• 2 зрели банани
• 1 мала лажица сок од лимон
• 2 големи лажици темен рум или ½ мала лажица рум екстракт
• 1 мала лажица ванила
• карамел прелив (по желба)

ПОДГОТОВКА
Во сад со средна големина измешајте ги шеќерот, жолчките и циметот. Со помош на миксер, мешајте ја смесата околу 4 минути.

Во тава со средна големина, загрејте ги и измешајте ги млекото, слатката павлака и половина лажица сол. Гответе сѐ додека не почне да зоврива. Една шолја од оваа смеса полека измешајте ја со смесата со жолчки. Потоа, целата смеса со жолчка претурете ја во садот со млеко и павлака. Гответе на среден оган со постојано мешање, сѐ додека смесата не се згусне (не дозволувајте да зоврие).

Потоа, садот отстранете го од оган и ставете го во сад со ледено студена вода. Оставете 2-3 минути за да се излади.

Испасирајте ги бананите заедно со сокот од лимон. Измешајте ги со густата смеса заедно со румот и ванилата. Префрлете ја во поголем сад, покријте ја и оставете преку ноќ да се излади.

Сервирајте со парчиња банана и прелив од карамела.

Related Posts with Thumbnails