wordpress counter

Палачинки со карамелизирани круши

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Палачинките се еден од нашите омилени десерти. Постојат мал милион начини како да ги подготвите, а ние се решивме денес да бидат украсени со карамелизирани круши. Се подготвуваат брзо и лесно, а уживањето е целодневно.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 125 гр брашно
• 1 јајце
• 300 мл млеко
• 3-4 големи лажици масло од сончоглед
• 1-2 големи лажици кафеав шеќер
• 3-4 круши со извадени семки и исечкани
• шлаг
• малку бренди од јаболка
• две големи лажици путер

ПОДГОТОВКА
За да подготвите смеса за палачинки, земете подлабок пластичен сад. Во него ставете го брашното и малку сол. Измешајте и потоа додадете ги јајцето и малку млеко. Мешајте и постепено доадавајте го преостанатото млеко. Мешајте со миксер додека смесата не стане хомегена. Се остава малку да отстои.

Ставете малку масло во тава за палачинки и налејте малку од смесата. Испечете од двете страни и потоа ставете ја во посебна чинија. Покријте со хартија која ја собира маснотијата. Постапката повторете ја онолку пати колку што имате смеса.

Во меѓувреме, истопете го путерот со шеќер во голем сад за пржење. Додадете ги сечканите круши и пропржете околу 5 минути, односно додека крушите не почнат да се карамелизираат. Подгответе шлаг со малку бренди од јаболка.

На секоја палачинка, ставете неколку парчиња круша и додадете шлаг со бренди. Потоа, палачинката преклопете ја на три пати.

Related Posts with Thumbnails