wordpress counter

Пита од јаболка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)

Аромата на свежо печени колачи секогаш носи пријатно чувство на топлина во домот. Изненадете ги најблиските со оваа совршено вкусна пита од јаболка направени од новото Жито Лукс брашно за колачи кое има мека и фина структура и лесно нараснува без дополнителни додатоци.

СОСТОЈКИ (за 12 лица)

● 400 гр Жито Лукс брашно за колачи
● 200 гр маргарин
● 3 лажици шеќер во прав
● малку вода

за фил
● 2 кг јаболка
● 100 гр шеќер
● 50 гр маргарин
● 10 гр цимет
● рака лешници

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во брашното додадете ги шеќерот и маргаринот (да е на собна температура) и со малку вода замесете тесто. Излупете ги јаболката, изрендајте ги и додадете им ги шеќерот, циметот и парчиња маргарин. Две третини од тестото развлечете во намастен сад. Преку него ставете ги јаболката и потоа покријте ги со преостанатото тесто. Најгоре декорирајте со парчиња јаболко и кршени лешници. Печете во загреана рерна, на умерена температура и внимавајте да остане бледо по боја.

Related Posts with Thumbnails