wordpress counter

Пралине со ликер

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Пралине е вкусен и едноставен десерт. Со комбинација од само четири состојки, ќе направите вкусни колачиња во кои ќе уживате по убавиот ручек. Ќе треба да одвоите 20 минути за ова ремек дело.

СОСТОЈКИ
• 200 гр бело чоколадо
• 25 гр путер
• 150 гр мелени бадеми
• 75 мл ликер од јајца

ПОДГОТОВКА
На пареа, стопете го белото чоколадо и додадете путер. Со помош на миксер, измешајте ги ликерот и 150 гр од мелените бадеми. Ликерот и бадемите додадете ги на смесата со белото чоколадо.

Оставете да се излади преку ноќ во фрижидер.

Следниот ден обликувајте топчиња и посипајте ги со мелени бадеми или кокос.

Ликер од јајца
Ликерот од јајца можете да го подготвите и во домашни услови. За тоа ви се потребни следните

СОСТОЈКИ
• 400 гр павлака за готвење
• 400 гр шеќер во прав
• 8 жолчки
• 0,7 л вињак

ПОДГОТОВКА
Згответе ја павлаката  и оставете добро да се излади. Во посебен сад, измешајте ги жолчките и шеќерот во прав. Постепено додавајте ја павлаката и вињакот и постојано мешајте. Кога сите состојки ќе се поврзат во хомогена смеса, ликерот може да се консумира.

Related Posts with Thumbnails