wordpress counter

Red Velvet торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,57 од 5)


Со оглед дека овој викенд го посветивме на оваа прекрасна чоколадна торта со темно црвена боја, ви го претставуваме рецептот како да ја приготвите. А, доволен предизивик да ја направите е изјавата на еден американски новинар, кој вели дека поради оваа торта запира и сообраќајот.

СОСТОЈКИ

за торта
• 230 гр путер
• 2 јајца
• 375 гр шеќер
• 1 мала лажица какао во прав
• 60 мл црвена прехранбена боја
• 235 гр тесто за колачи и торти
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја матеница или ајран*
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица прашок за пециво
• 1 мала лажица оцет

*како замена, можете да помешате 1 шолја млеко или соја млеко со една голема лажица сок од лимон или оцет и оставете да отстои 10-тина минути.

за глазура
• 2 големи лажици брашно
• 1 шолја млеко
• 200 гр путер
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 110 гр шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 180°С.

Во подлабок сад, измешајте ги путерот, јајцата и шеќерот. Во друг, помал сад, измешајте ги бојата и какаото и потоа додадете ги кон смесата со путер. Кон тестото додадете го, на три пати, ајранот или матеницата. Надополнете со екстракт од ванила, прашок за пециво и оцет.

Во тавата за печење ставете пекарска хартија и наросете ја со брашно и сол. Ставете го брашното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, подгответе ја глазурата.

На средна температура, гответе ги брашното и млекото, додека не згуснат. Потоа, оставете ја смесата да се излади. Со миксер, измешајте ги путерот, шеќерот во прав и ванилата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте.

Тестото пресечете го по должина на два слоја и ставете од глазурата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.

Related Posts with Thumbnails