wordpress counter

Торта од костени

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Есен е годишно време во кое преовладува прекрасниот мирис на костените. Денешниот рецепт е посветен токму на овој плод, од кој може да се направат вистински слатки специјалитети. Еден таков е тортата од костени.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 5 јајца
• 5 големи лажици брашно
• 5 големи лажици шеќер
• 1 ванилин шеќер

за крем од костени
• ½ кг пире од костени
• 200 гр путер
• 200 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 1 мала лажица рум
• 100 гр чоколадо за готвење
• 1 дл вода
• 1 кесичка шлаг
• 2 дл слатка павлака

ПОДГОТОВКА
Состојките за тестото се мешаат со помош на миксер. Добиеното тесто се налева во калап за печење. Потоа, се пече на температура од 220℃ околу 20 минути.

Во меѓувреме, се мешаат водата и румот. Потоа се додаваат шеќерот, ванилиниот шеќер, путерот и чоколадото. Сите состојки се мешаат на умерен оган, сѐ додека не се истопат и соединат.

Вака подготвената смеса се додава на пирето од костен и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Откако, во посебен сад, ќе го изматате шлагот, додајте го кон смесата и повторно добро измешајте.

Потоа, обложете го со алуминиумска фолија калапот во која ќе ја оставите тортата во фрижидер. Фолијата премачкајте ја со путер и налејте ја смесата со костени. Одозгора ставете го тестото и затворете ја фолијата. Се остава преку ноќ, да отстои во фрижидер.

Следното утро, тортата се превртува обратно и се вади од калапот. Се поставува на стаклена чинија и одозгора се премачкува со шлаг од слатка павлака или глазура од чоколадо.

Related Posts with Thumbnails