wordpress counter

Захер торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 4,60 од 5)


Легендата за Захер торта датира уште од 19-тиот век, кога младиот готвач-помошник го заменувал главниот готвач и по наредба на канцеларот Матерних, требал да подготви некој посебен десерт, за средбата на сите европски дипломати. Тој млад заменик се викал Франц Захер, кој смело експериментирал со состојките и успеал да ја направи една од најпознатите торти на светот.

Инаку, најпознатата Захер торта се служи во хотелот „Захер“ во Виена, чиј сопственик бил синот на познатиот готвач, а оргиналниот рецепт се уште се чува како тајна.

Сепак, ние најдовме рецепт кој е најблиску до вистинскиот рецепт на Захер, кој со првиот залак кој ќе го вкусите, ќе направи да се почуствувате како да сте во центарот на Виена.

СОСТОЈКИ
• 150 гр шеќер
• 150 гр црно чоколадо
• 280 гр путер
• 1 ќесичка прашок за пециво
• 100 гр мармалад од кајсии
• 150 гр брашно
• 10 јајца
• 30 гр шеќер во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Неколку коцки од чоколадото за готвење ги кршиме и ги топиме. Ги одделуваме жолчките од белките. Путерот и шеќерот ги матиме со миксер, сѐ додека не се спојат, па потоа ги додаваме жолчките. Белките ги матиме во посебен сад со малку шеќер.

Во садот со жолчките ја додаваме растопената чоколада и мешаме. Потоа, во садот ги додаваме белките и мешаме додека не се соединат во хомогена смеса. Прашокот за пециво го мешаме со брашното и го сипуваме во садот.

Калапот за печење го премачкуваме со путер и во него ја сипуваме претходно подготвената смеса. Печеме во рерна 45 минути на 180℃. Преостанатите 135 гр од чоколадото ги топиме на пареа. Испечениот пандишпан го премачкуваме со мармаладот и на крај преливаме со топеното чоколадо.

Related Posts with Thumbnails