wordpress counter

Африкански деликатеси: Футали со кикиритки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Африканската кујна и ден денес ни звучи мистично и далечно. Делумно поради светските трендови кои многу малку навлегуваат на овој континент, делумно поради тоа што африканската кујна не може да се избори со другите кујни.

Затоа, редакцијата на Гурман™ сака овој викенд да ве запознае со еден африкански деликатес – футали од кикиритки, кој изворно се прави во Малави.

СОСТОЈКИ (4-6 порции)
• половина тиква, излупена и исечкана на парчиња (доколку имате можност, наместо тиквата можете да употребите 4 слатки компири или касава)
• малку сол
• 60 гр брашно од кикиритки
• една рака дробени кикиритки, како гарнир

ПРИГОТВУВАЊЕ
Наполнете поголем сад со вода и ставете го на шпорет за да зоврие водата. Потоа додадете ја тиквата (или слатките компири, касава) и варете сѐ додека не стане мека. Откако ќе биде готово, исцедете ја водата.
Додадете ги брашното од кикиритки и солта и добро измешајте. Потоа вратете го садот на шпорет и гответе уште неколку минути со постојано мешање. Кога смесата ќе стане сува и густа, тргнете го садот од оган. Сервирајте во голема чинија и декорирајте со дробени кикиритки.

Се служи веднаш.

Related Posts with Thumbnails