wordpress counter

Sаѕики сос и сос со чили и брусници

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,57 од 5)


Оваа викенд статија е посветен на два превкусни соса. Едниот ни е добро познат како ѕаѕики сос, додека другиот, сос од чили и брусници, е непознат за нашето поднебје. Обата се подготвуваат мошне бргу и се прилог на бројни јадења.

Sаѕики сос

СОСТОЈКИ
• 1 шолја полномасен процеден јогурт
• 1 краставица, свежо рендана (отстранете го вишокот на вода со помош на хартиени салфетки)
• две чешниња лук, ситно исечкани
• ¼ лажица кромид во прав
• 5 капки лимонов сок

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги со помош на миксер сите состојки. Мешајте сѐ додека не добиете еднолчина, хомогена и мазна смеса.

Најдобро е да се сервира веднаш по подготвката. Се послужува со оброци кои имаат пита лепче.

Совет: сосот може да се чува во фрижидер до една недела.

Јогуртот може да се процеди со помош на газа која се поставува над садот. Потоа се налева јогуртот. Густиот дел ќе остане во газата, додека течноста ќе истече во садот.

.

Сос од чили и брусници

СОСТОЈКИ
• 100 гр кафен шеќер
• 175 мл бело вино
• половина црвена чили пиперка, исечкана (со семки)
• 300 гр брусници, свежи или замрзнати

ПОДГОТОВКА
Загрејте ги шеќерот и виното во сад, сѐ додека не се истопи шеќерот. Потоа, засилете го огнот за да зоврие смесата.

Додадете ја чили пиперката и брусниците и повторно оставете да проврие. Откако ќе зоврие, намалете го огнот и варете уште 10-тина минути на тивок оган, за да омекнат брусниците.

Сосот од чили и брусници одлично се комбинира со специјалитети од месо.

Related Posts with Thumbnails