- Гурман™ - https://gurman.mk -

Лигњи со потпечени компири

(4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ниту една кујна во земја која излегува на море не може да се замисли без лигњи. Подеднакво се популарни во Шпанија, Италија, Хрватска, Грција, Кореја, Филипини… Затоа, овој рецепт ќе го сместиме во редот на рецепти кои ќе ви го донесат мирисот и вкусот на морето во вашите чинии.

СОСТОЈКИ
• 1 кг лигњи
• 1 кг компир
• 1 чешне лук
• 1 рака магданос, сечкан
• сол и бибер
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Лигњите исчистете ги и ако се поголеми исечкајте ги на помали парчиња. Потоа, излупете го компирот  и исечкајте го на помали парчиња.

Одберете подлабок сад за печење и во него наредете ги лигњите и компирот. Ставете сол и бибер и полејте ги со маслиново масло. Се печат 45 минути на температура од 180°С. Околу 5 минути пред да ги извадите од шпоретот, зачините со ситно насечкан лук и магданос. Садот вратете го во рерната, без капак, за да се потпече јадењето. Сервирајте веднаш.

Совет: на истиот начин може да се подготви и октопод.