wordpress counter

Пита со црвен портокал

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Популарноста на овошните пити расте од ден во ден. Можат да се направат буквално со секаков тип на овошје, но за денес, ние решивме да ви ја претставуваме питата со црвен портокал.

СОСТОЈКИ (за 8 парчиња)
• 200 гр шеќер
• кора и сок од 3 црвени портокали
• 2 јајца и 6 жолчки
• 200 гр путер
• 3 црвени портокали, излупени и исечени на трклаца
• 1 голема лажица кафен шеќер
• 25 см (во дијаметар) тесто за овошна пита
• малку слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Со помош на жица, измешајте ги сокот и кората од портокал, јајцата и жолчките. Путерот и смесата ставете ги во тава која ќе ја држите врз сад со вода која врие (дното на тавата да не ја допира водата која врие).

Варете околу 15-20 минути, односно сѐ додека путерот не се растопи и смесата не се згусне.

Целата смеса ставете ја врз испеченото тесто за пита. Покријте со пластична фолија, за да не се создаде кора и оставете да се излади. Кога ќе се излади, наредете ги круговите портокал и попрскајте со кафен шеќер.

Сервирајте со шлаг.

.
Тесто за овошна пита

СОСТОЈКИ
• 150 гр путер, изладен
• 275 гр брашно
• 3 големи лажици вода
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица кора од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исечкајте го путерот на помали парчиња и измешајте го со брашното, кората од лимон и шеќерот. Со помош на миксер или блендер, измешјате ги сите состојки. Мешајте додека не добиете смеса слична на песок. Потоа, постојано мешајќи, полека додавајте од водата сѐ додека не добиете меко тесто. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.

Загрејте ја рерната на 200℃. Исукајте го тестото и ставете го во сад за печење со дијаметар од 25 цм. Отсечете ги краевите кои излегуваат од садот, а со остатокот направете кора. Боцнете го тестото на неколку места со вилушка и покријте го со хартија за печење. Печете околу 20 минути. Внимавајте на кората. Кога ќе добие златно-кафена боја, тогаш тестото е подготвено.

Related Posts with Thumbnails