wordpress counter

Солени мексикански палачинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна. Се подготвува за околу 2 часа и е навистина вкусно. Пред да го сервирате, послужете по една текила, за да биде комплетно мексиканското чувство.

СОСТОЈКИ
• 500 гр мелено месо
• 1 лименка црвен грав
• 1 лименка пченка
• 1 кромид
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 400 гр гауда
• 20 гр слатка павлака за готвење
• сок или пире од домати
• палачинки
• пармезан
• зачин за скара (опционално)

ПОДГОТОВКА
За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови.

Во длабока тава (по можност вок тава) издинстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати.

Смесата пржете ја сѐ додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка.

Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга.

Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сѐ додека пармезанот не добие златна боја.

Related Posts with Thumbnails