wordpress counter

Супа Викенд

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 2,00 од 5)


Овој викенд ѝ го посветуваме на нејзиното височество – супата. Јадење без кое не може да започне ниту еден домашен ручек или свечен оброк. Без оглед дали е топло или ладно предјадење, супата е онаа која ќе го подготви теренот за главниот оброк. Во оваа статија ви предлагаме да го подготвите шпанскиот специјалитет Гаспачо.

Гаспачо

СОСТОЈКИ

за супа
• 800 гр домати
• 2 зелени пиперки
• 1 мала краставица
• 100 гр кромид
• 100 гр леб
• 4 чешниња лук
• 100 мл маслиново масло
• 2-3 лажици оцет
• сол и бибер
• 800 мл вода

за гарнир
• 1 зелена пиперка
• 1 главица кромид
•100 – 150 гр леб
• зачин (сезонски тревки)

ПОДГОТОВКА
Водата ставете ја во поголем сад, додадете сезонски тревки, проварете и изладете. Лебот исечкајте го на мали парченца и натопете го со малку вода со зачини. Краставицата, пиперките, кромидот и доматите насечкајте ги на коцки. Потоа, во блендер, измиксирајте го зеленчукот заедно со лебот, лукот, маслиновото масло, оцетот и супата со тревки. Мешајте сѐ додека не добиете хомогена смеса (ако не ги собира сите состојки во блендерот, постапката повторете ја неколку пати).

Откако супата ќе биде подготвена, ставете ја во соодветен сад. Зачинете со сол и свежо мелен бибер. Покријте го и ставете го во фрижидер садот со супа за да се излади.

За гарнирање: исечкајте ги пиперката, кромидот и доматот на многу ситни коцки и тоа пред самото послужување на гаспачото. И лебот исечкајте го на коцки и ако сакате пропржете го на путер. Сите состојки се служат во мал сад до чинијата со гаспачо.

Related Posts with Thumbnails