wordpress counter

Св. Патрик рецепти

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Минатата недела беше денот на најголемиот ирски светец, Св. Патрик. На овој ден, традиционално се јаде солено говедско месо зачинето со мајчина душица и магданос. Како прилог се сервира зелка со варени домати, моркови и лук. Со тоа оди барем еден додаток, на пример сенф или рен.

Ако не сакате говедско, добар избор е и јагнешкото месо со сос од нане и домати. Некои од познатите светски готвачи советуваат да се додаде и црно пиво при готвењето. Вкусот што ќе го добиете ќе биде ирски и уште поинтензивен.

Говедски гулаш со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 2.5 кг варено говедско месо
• брашно
• маслиново масло
• морков
• кромид
• целер
• зачини
• ½ литар црно пиво
• 400 гр сос од домати
• бибер

ПОДГОТОВКА
Зачинете го говедското месо со бибер и додадете го брашното. Пржете го месото на масло, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Додадете кромид и пржете уште една минута. Потоа се додаваат морковот, целерот и зачините. Пржете уште 4 минути и додадете пиво и сок од домати. Оставете да се вари околу 2 часа.

Чоколадна торта со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 250 мл црно пиво
• 250 гр путер
• 75 гр какао
• 400 гр шеќер
• 140 мл слатка павлака
• 2 јајца
• 275 гр брашно
• 2 лажици сода
• ванила

ПОДГОТОВКА
Во длабок сад за варење ставете пиво и путер. Загревајте сѐ додека путерот не се истопи. Потоа, додадете какао и шеќер. Измешајте ја павлаката со јајцата и ванилата и смесата додадете ја кон садот со пиво. На крај, ставете брашно и сода. Смесата печете ја 45 миунути на температура од 180℃. Кога тортата ќе се излади, премачкајте ја со глазура од шеќер, слатка павлака и јајца.

Related Posts with Thumbnails