wordpress counter

Унгарски гулаш

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Панонската низина ни дала едно навистина вкусно и ароматично јадење. Станува збор за гулаш, или во оригинал gulyas-hus. Од многуте варијанти на овој специјалитет, денес ви предлагаме подготовка на гулаш во рерна.

СОСТОЈКИ
• 100 гр сува сланина
• 600 гр јунешко месо
• 150 гр кромид
• 400 гр пиперки
• 600 гр компири
• 100 мл бело вино

за маринада
• 5 големи лажици масло
• 1 мала лажица ким
• сол и бибер
• 1 мала лажица црвен пипер
• 1-2 мали лути пиперки
• 3 чешниња лук
• кора од лимон
• 1 лажица Вегета

ПОДГОТОВКА
Исечете го месото на коцкички и подгответе ја маринадата. Измешајте го маслото, згмечениот лук, исчеканиот ким (кој претходно малку сте го навлажниле), изренданата кора од лимон, мелениот црвен пипер, исечкана лута пиперка, малку сол и вегета.

Вака подготвената маринада се меша со месото и се остава да отстои барем еден час. Доколку имате услови, најдобро е да се остави да отстои преку цела ноќ.

Исечкајте го кромидот на тенки тркалца, пиперките на поголеми парченца и излупениот компир на кругчиња.

Земете огноотпорен сад и на дното наредете тенки парчиња сува сланина. Потоа, распоредете дел од компирите и пиперките, малку посолете и ставете слој на маринирано месо. На крај ставете го кромидот. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате материјал.

На крајот може да прелиете со масло и садот затворете го со поклопец. Ставете го гулашот во загреана рерна на 180℃ и печете околу час и половина.

Related Posts with Thumbnails