wordpress counter

Време е за сендвичи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ладните сендвичи се дел од секоја кујна и се едноставен и вкусен начин да се задоволи гладот. Во оваа статија ви претставуваме еден посебен, етнички и зачинет сендвич. Станува збор за виетнамскиот сендвич Бан Ми.

СОСТОЈКИ (за 8 сендвичи)

• ½ шолја крупно рендан морков
• ½ шолја рендан дајкон
• 1 голема лажица оцет
• 3 мали лажици шеќер
• 1/2 мала лажица сол
• 3 големи лажици чили сос
• 450 – 500 гр свинско филе
• 3 големи лажици мајонез
• 2 француски лепчиња
• 1 краставица
• 16 фиданки коријандер
• 2 млади кромидчиња (тенко насечкани)
• халапењо пиперка (тенко насечкана)

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги морковот, дајконот, оцетот, ½ лажица шеќер и солта. Смесата оставете ја да отстои половина час. Исцедете.

Загрејте ја рерната на 200°С.

Измешајте чили сос со 1 ½ мала лажица шеќер. Месото ставете го во тава со решетка и порпскајте го со масло. Одозгора премачкајте го со смесата со чили сос и посолете го. Печете околу 20 минути. Откако ќе се испече, ставете го во фрижидер.

Измешајте го мајонезот со преостанатиот чили сос и смесата ставете ја во фрижидер.

Исечете го францускиот леб на 4 дела. Секој дел пресечете го како за сендвич. Секое парче премачкајте го со смесата мајонез и чили сос. Месото исечкајте го на ситни парчиња и ставете го рамномерно во секој сендвич. Потоа додадете моркови, краставица и коријандер. На крај, завршете со млад кромид и халапењо.

Related Posts with Thumbnails