wordpress counter

Гуакамоли (Guacamole)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


ГУАКАМОЛИ

Во времето на древните Ацтеки, во Јужна Америка, некој гладен член на племето посолил пасирано авокадо и пробал. Додал малку домати и повторно убаво измешал, и пак пробал. Од тогаш, па сè до денес, жителите на латинските земји се насладуваат со овој неизбежен додаток на речиси секоја храна.

Иако кај нас е речиси непознат поим, низ целиот свет е неизбежен дел од менито во рестораните за мексиканска или шпанска храна. Не пропуштајте ја шансата да го вкусите доколку имате прилика да отпатувате во Шпанија или Мексико, но пред да ја дочекате таа шанса, пробајте да направите сами свое гуакамоли.

Гуакамоли
има астечко потекло и оригинално е направено од пасирано авокадо, домати и сол. По пристигнувањето на шпанските конквистадори, гуакамолито станало популарно и во Шпанија. Името буквално значи сос од авокадо, кое доаѓа од астечкиот дијалект – āhuacamolli, āhuacatl = авокадо + molli = сос.

Можеби главната состојка, авокадото, го прави овој сос скап, но во секој случај е многу поевтино од патување во некоја далечна земја. Ако милувате, можете да го замените авокадото со некое друго поевтино и сезонско овошје, но тоа воопшто нема да биде гуакамоли, бидејќи името всушност му значи: сос од авокадо. ¡Consuman con gusto! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 3 авокада, излупени, без семки и исечени на половина
• сок од 1 зелен лимон
• ½ кафена лажица сол
• ½ кафена лажица црвен пипер
• ½ кафена лажица ким
• ½ сечкан кромид
• 2 домати, сечкани на коцки
• 1 супена лажица коријандер
• 1 главица толчен лук

ПОДГОТОВКА
Во голем сад ставете ги авокадото и сокот од зелен лимон и валкајте ги додека целото авокадо не се покрие во лимонов сок. Потоа, исцедете го лимоновиот сок. Додадете сол, ким и црвениот пипер и пасирајте ја смесата. Потоа додадете ги кромидот, доматите, коријандерот и лукот. На крајот додадете го исцедениот сок од зелен лимон. Смесата оставете ја да постои на собна температура околу 1 час, а потоа сервирајте.

Related Posts with Thumbnails