wordpress counter

Кус кус со бобинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 1,00 од 5)


Кус кус со бобинки е вегетаријанско јадење кое со задоволство ќе го консумираат и љубителите на месо, како и децата. Се подготвува околу 15 минути и може да се послужи како главно јадење. Ова јадење е карактеристично за пролетно-летниот период, во кој сега навлегуваме.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)

• 185 гр инстант кус кус
• 500 мл сок од јаболка и брусници
• 1 стапче цимет
• 250 гр малини
• 250 гр боровинки
• 2 мали лажици кора од портокал, за декорација
• 185 мл јогурт
• ливчиња нане

ПОДГОТОВКА

Ставете ја содржината од ќесичката со кус кус во сад. Во лонец ставете го сокот од јаболка и брусница и додадете го стапчето цимет. Лонецот ставете го на оган и оставете да зоврие. Потоа, прелијте го сокот со цимет врз кус кусот. Покријте го садот со кус кус со пластичен капак и оставете го 10-тина минути за да го впие сокот. Потоа, отстранете го стапчето цимет.

Отстранете ги сокот и семките од малините и боровинките. Потоа, постепено додадете ги повеќето од бобинките и кората од портокал кон кус кусот.

Распределете го јадењето во четири чинии и секоја порција посипете ја со остатокот од малини и боровинки. Декорирајте со кора од портокал и ливчиња нане. Сервирајте со јогурт.

Совет: Одличен избор за секој што се грижи за своето здравје. Доколку не можете да најдете малини и боровинки може да употребите замрзнати бобинки, односно шумско овошје.

Related Posts with Thumbnails